Стефан Стоилов - момче на месецот: Не чекам да ме уловат, туку ловам

Точка

30/01/2018

15:15

11.653

Големина на фонт

а а а

Многупати пред обожувателите ја „преземал“ улогата на неговиот брат, ракометарот на РК „Вардар“, Стојанче Стоилов, затоа што особено наликуваат.

Но, единствената поврзаност со спортот е тоа што му е најголем поддржувач. По вокација е инженер за ентериери, но, веќе неколку години е менаџер на позната скопска кафеана и момче околу кое постојано „ротираат“ многу девојки.


Ликот на Стефан Стоилов (28) е на втората страница на календарот на „Точка“, како претставник на Февруари, месецот кога е и роден. Сосема типично за неговиот хороскопски знак Водолија - шармот, харизмата, духовитоста и спонтаноста се неговите најсилни атрибути.

Опишете се преку наслов од филм? 

- „Good Luck Chuck“.

Што ќе каже за Вас Вашето куче милениче кога би можело да зборува?

- Мислам дека од инает нема да каже ниту еден збор.


На што размислувате кога сте сам во автомобил?

- На ништо посебно; слушам музика и се молам да не ме фати сообраќаен метеж кај ТЦ „Мавровка“.

Дали сте ловец или пак чекате да Ве уловат?

- Ловец. Дефинитивно.

Што е последното нешто во кое уживавте особено?

- Фингето на Станчо.


А, последното нешто на кое сте особено горд?

- Изедов 200 гр. чоколадо за 3,5 минути.

Ви смета ли кога Ве препознаваат со Вашиот брат, ракометарот Стојанче Стоилов?

- Не. Дури се фотографирам со фановите 😊

Спајдермен или Бетмен? И зошто?

- Џокер... Why so serious?


Најдиректна порака што сте ја добиле од жена?

- Се уште не сум добил таква... 😊

Лето или зима?

- С’клетџија сум кога ми е топло, ама сепак лето.

Во која работа не сте вешт?

- Не дај Боже да ми се расипе автомобилот на сред пат.


Кога последен пат се качивте на дрво?

- Мнооогу одамна.

Која би била идеалната авантура за Вас?

- Да бидам дел oд серијалот „Игри на Троновите“.

Пишува: Гордана Настевска-Манасијеска 
Фото: Бојан Стоилковски
Шминка: Фросина Фран Ангеловска
Локација: Хотел „Парк“, Скопје 



Спонзорирани линкови

Маркетинг