Само за најсилните: Ова се петте најтешки фитнес вежби на светот

Точка

08/02/2018

12:03

2.024

Големина на фонт

а а а

Дали сметате дека сте го достигнале својот физички максимум? Доколку ни самите не го знаете одговорот на ова прашање, а сакате да се уверите себеси во тоа, тогаш овие пет “пеколни” вежби ќе ви ја откријат вистината.

Следниот мини програм е нешто што секако ќе ја раздрма вашата тренинг рутина и ќе ви помогне да ја добиете посакуваната врвна форма. Не ветуваме дека ќе ви биде лесно но секако резултатите ќе бидат импресивни. 

Tuck Planche Push Up

Оваа вежба, без сомнеж, е најдобра кога станува збор за градење на моќни трицепси, рамена и стомачни мускули. Клекнете на под со свиткани нозе, а рацете ставете ги на рачките од теговите. Свиткајте го телото нанапред така што целата тежина ќе се префрли на вашите раце. Потоа, свиткајте ги рацете во лактите и спуштете ја главата блиску до подлогата, а потоа подигнете се нагоре.

L-Sit

За суперсила на подлактиците и стомачните мускули, нема подобра вежба од оваа – подигнете го своето тело од подот со помош на рацете со цел да предизвикате голема тензија во мускулите на јадрото.

Handstand Push Up

Изведувањето на ваквите склекови е една од најтешките вежби на светот. Прво подигнете се на рацете така што ќе го привлечете едното колено до градите. Кога ќе се подигнете, користете ја силата на средниот дел од телото за да одржите рамнотежа. Во контролирано движење, спуштајте се кон подот како да правите склекови, а најголемиот “удар” ќе го почувствуваат делтоидите, трицепсот и стомачните мускули.

One Handed Chin-Up

Ставењето на фокусот на едната страна од телото ја спречува другата да помага во одредените потези. Поради тоа, вежбите од овој тип се многу тешки и бараат голема сила и издржливост. Со десната дланка фатете ја подлактицата на левата рака со која се држите и подигнувајте се.

Single Leg Jump

Застанете на една нога и благо свиткајте го коленото. Потоа, во брзо движење скокнете на клупата пред вас. Оваа вежба ќе ги зајакне мускулните влакна на нозете и со тоа ќе ве припреми за сите физички предизвици.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk