Одличен за патување: Новиот Jaguar E-Pace пристигна во Скопје

Точка

08/02/2018

12:18

1.167

Големина на фонт

а а а

Новиот E-Pace e првиот компактен SUV на Jaguar. Тој се придружува на семејството на Jaguar веднаш по успешниот F-Pace модел, а со тоа оваа автомобилска компанија ја шири гамата од своите премиум кросовери на уште еден, овојпат помал модел.

Вистински Jaguar, E-Pace е SUV којшто има пространа внатрешност, зголемена безбедност, пропорции на семеен автомобил и жестоки перформанси, кои инаку не се типични за едно вакво спортско корисно возило. Досега немало компактен SUV како овој. 


Палетата на мотори се состои од пет агрегати, три дизел и два бензински. Сите мотори имаат зафатнина од два литра и четири цилиндри. Дизел агрегатите доаѓаат со моќност од 150, 180 или 240 КС, додека бензинските погонски единици нудат 249 и 300 КС. 

Дизајнирана за да го направи возењето побезбедно и со поголемо уживање, најсовремената технологија на E-PACE го вклучува системот за информации и забава Touch Pro којшто се карактеризира со 10”-ен екран на допир во стилот на таблет. Во опциja,Head-up дисплејот ги прикажува клучните податоци за возилото врз ветробранското стакло а 12.3" -ниот интерактивен дисплеј за возачот со висока резолуција може да прима и прикажува информации за возењето, забавни содржини и податоци за активната безбедност вклучувајќи ги навигацијата, телефонот и медиумите.Врвниот систем од британските експерти за звук Meridian со опкружувачки звук со технологијата Trifield™ емитира полн чист звук како да се работи за изведба во живо преку своите 15 звучници. 


Освојувајќи високи оценки во сите категории за безбедност, првиот компактен SUV на Jaguar е добитник на пет звездички од страна на Euro NCAP. 

Каде и да треба да одите, што и да треба да понесете со себе, E-PACE е дизајниран да ве превезе вас и вашите сопатници на едноставен начин, комфорно и што е најважно безбедно. Помош за задржување во коловозна лента, надзор на состојбата на возачот, контрола на брзина и ограничување на брзината, 360º систем од камери за опкружувачка слика, воздушно перниче за пешаци и итно кочење при голема брзина се само дел од многубројните безбедносни системи кои ги поседува овој автомобил.


Целосно новиот E-PACE e oдличен за патување и доволно голем за да понесете сèшто ви е потребно. Големите предмети можат лесно да се сместат во багажниот простор со максимална ширина до 1,3 метри - што на E-PACE му овозможува со леснотија да пренесува спуштена детска количка. Со багажен простор со капацитет до 441 литар, можете многу лесно да сместите два куфера со средна големина и три куфери со големина на рачен багаж. 

Ова се само дел од извонредните перформанси на целосно новиот E-PACE. Дознајте повеќе во продажниот салон на Аутомобили Гроуп или на macedonia.jaguar.com 



Спонзорирани линкови

Маркетинг