Сериозна кампања против Закерберг: Џим Кери го избриша својот Фејсбук профил, а ги советува и другите Американци да го направат тоа

Точка

08/02/2018

13:52

1.762

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Џим Кери соопшти на Твитер дека планира да го избрише својот Фејсбук профил и да ги продаде своите акции од таа компанија бидејќи “извлекла голема корист” од руското влијание врз американските претседателски избори.

“Заработија на мешањето на Русија во нашите избори, а ни понатаму не работат на тоа да запре. Ги охрабрувам сите останати инвеститори кои се грижат за иднината на оваа земја да го направат истото. #unfriendfacebook”, напишал актерот. 

Кери со пораката објавил и сопствен портрет од Марк Закерберг покрај кој се наоѓа копчето “Dislike” и натписот “Fakebook”.

Истиот текст се појави и на Фејсбук пред да биде отстранет неколку дена по објавата.

Компанијата во октомври изјавила пред Конгресот дека содржината со потекло од Русија достигна до 126 милиони Американци во текот на претседателските избори во 2016 година. Имено, тогаш било обелоденето дека една руска група вложила повеќе од 100 илјади долари на купување 3 илјади реклами во корист на победата на Доналд Трамп.


“Со океаните од двете страни кои ја штитат, Америка со векови уживала географска предност во однос на останатите земји од светот. Сега со сајбер-мостови се поврзавме со оние кои не нѝ посакуваат најдобро, а ние тоа го дозволуваме. Ниту еден ѕид нема да нè заштити од тоа”, напишал Кери.


“Мораме да бараме подобар надзор на социјалните мрежи. Лесниот пристап на медиумите бара поголема одговорност кога станува збор за управување со нив. Она од кое што светот има потреба сега е капитализам со свест”, заклучил тој.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk