После новата „А Класа“, Мерцедес ќе претстави уште 7 компактни автомобили

Точка

08/02/2018

18:20

2.857

Големина на фонт

а а а

На почетокот на овој месец Мерцедес ја претстави новата генерација на „А Класа“, а после овој автомобил ќе следуваат уште седум модели кои што ќе припаѓаат на сегментот на компактни возила, пренесува CarAdvice.

Тоа во разговор со новинарите за време на презентацијата на „А Класа“ го откри шефот на одделот за дизајн при германската премиум автомобилска компанија, Горден Вагенер.

„На оваа механичка платформа ќе бидат направено осум модели и ве уверувам дека сите ќе бидат исклучително атрактивни“, изјави Вагенер.


Со оглед на тоа што во рамките на се уште актуелната генерација на компактни Мерцедеси постојат вкупно 5 модели (A Class, CLA - купе лимузина и караван, GLA кросовер и B Class), се поставува прашањето кои се тоа нови модели за кои што зборува Вагенер.

Се претпоставува дека ќе биде претставен и целосно нов модел на „А Класа“ - седан кој што исто така ќе ја има својата премиера оваа година. Покрај тоа, речиси сигурно ќе има нов модел на CLA купе лимузината, потоа GLA кросовер, како и новата генерација на B Class.


Исто така, неодамна протекоа информации дека Мерцедес се подготвува за претставување на нов кросовер со ознака "GLB" кој што ќе биде нешто поголем од актуелниот модел "GLA". За преостанатите два компакти се уште се шпекулира.

Се нагаѓа дека Мерцедес би можеле да претстават и караван верзија на „А Класа“, а голема е веројатноста германскиот производител да направи посебен седан на „А Класа“ со продолжено меѓуосовинско растојание наменет исклучиво за кинескиот пазар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг