Новата кампања на Сваровски ја прославува љубовта

Точка

12/02/2018

19:37

1.118

Големина на фонт

а а а

Февруари е месецот на љубовта, за сите оние романтично и лудо вљубени парови. Причина плус за да се прослави љубовта е празникот Денот на вљубените (Valentine's Day) кој речиси се прославува секаде ширум светот, па по тој повод светските брендови промовираат нови производи кои би можеле да им ги подарите на саканите.

Специјална колекција промовираше и брендот за накит Сваровски кој исто така ја прославува љубовта. Со новата кампања, во која учествуваат Карли Клос и Андрес Веленкосо го претставуваат новиот накит за Денот на вљубените. 


На двајцата модели ова не им е прва соработка, претходно работеле на кампањата на Џо Фреш. Познавајќи се доволно добро, тие снимија одличен едиторијал кој ни ги прикажува луксузните парчиња накит со кристали на Сваровски. Доколку сè уште не сте се одлучиле каков подарок ќе подарите, ова е одлична идеја да подарите уникатен подарок кој сигурно ќе им остане во сеќавање.





Спонзорирани линкови

Маркетинг