Авторот открива: “Пет работи кои ги научив од 12 мултимилионери кои не се родени со златна лажичка”

Точка

12/02/2018

15:28

1.569

Големина на фонт

а а а

Мурад Телаб е автор кој одлучил да го промени својот поглед на животот и да добие нов материјал за пишување на текстови.

За таа цел, тој одбрал луѓе кои во младоста не биле богати, а подоцна создале милиони. Еве што научил дружејќи се со нив: 

Не ја сакаaт својата работа

“Тие не беа ни адвокати ниту доктори, а поголемиот дел од нив немаа ниту факултетска диплома. Никој од нив немал работа со која може да се збогати. Еден од милионерите ми објасни дека постојат два начина за заработка: користење на луѓе и пари. Во првиот случај одите на работа, вредно работите, често не ја сакате ни работата, ни шефот, се трудите да ги исполните роковите, полека напредувате и тоа трае со години. Тој наведе и дека е важно да се искористат времето и парите на паметен начин. Не размислувајте како клиент туку како инвеститор. Пронајдете го она што сите други го избегнуваат и искористете го во своја корист”.


Тие се претприемачи

“Успешните луѓе не бараат работи во кои би се вклопиле, туку создаваат системи кои ним им одговараат. Бараат инвеститори и вредно работат на своите идеи. Докрај веруваат во нив и не им е тешко да научат разни вештини со помош на кои би ги оствариле своите цели. Потребен е голем труд бидејќи идејата и креативноста не се доволни. Најдобар пример за тоа е авторката на бестселерите за Хари Потер, која со години доживувала неуспеси”.

Имаат поинаква филозофија

“По неколку дена, веќе ми беше јасно зошто овие луѓе се таму кај што се - тие немаат никаква врска со стереотипите за мултимилионерите. Мошне се љубезни, галантни, излегуваат секому во пресрет, ги интересираат разни нешта, опуштени се и малите работи ги прават среќни …всушност, станува збор за сосема поинаква филозофија. Тие се емпатични и имаат разбирање за другите бидејќи и самите биле на нивно место. Можеби причината лежи во тоа што не се родиле богати”.


Самосвесни се

“Во ниту еден момент и ниту еден од луѓето со кои го поминував времето не се обиде да се прикаже себеси како совршен. Успешните личности отворено зборуваат за своите маани и недостатоци за кои се свесни дека постојат. Ова е клучниот елемент за успех. Луѓето кои се свесни за своите маани се стабилни, па ретко кој може да ги оддалечи од патот по кој тргнале. Самосвесните луѓе знаат каде одат и колку можат. Покрај тоа, тие зрачат и со неверојатна харизма”.

Имаат цел и смисла во животот

“Постојат силни причини поради кои се одлучиле да тргнат по тој пат. Секој од нив имал некаква болка во животот и проблеми поради кои одлучиле да станат богати. Никој од нив не го влечела желбата да има пари и моќ. Исто така, никој од овие дванаесет личности не стигнал на таа позиција со среќа во животот. Нивните одлуки и тешки искуства само ја стимулирале нивната страст. Затоа нивното богатство има смисла и цел. И најчесто сите работи со кои се занимаваат придонесуваат кон светот и околината, а не се производ на себичноста”, напишал Мурад.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk