(18+) Фотографии кои го прикажуваат "Златното време" на француската порно индустрија

Точка

12/02/2018

21:47

9.840

Големина на фонт

а а а

За филмскиот продуцент Жерард Кикоин се смета дека е еден од главните "архитекти" за развивањето на француската порнографија. Помеѓу 1974 и 1984 година, Кикоин сними илјадници филмови кои ја документираат дивата страна на генерацијата која ја одбележа револуцијата во Мај 1968 за анти-воспоставување на таблетите за контрацепција.

Пред неколку години, Кикоин објави книга со фотографии каде во содржината се наоѓаат досега необјавени фотографии од зад сцената од неговите порно филмови. Името на книгата е "Le Kikobook". Книгата го преставува "Златното време" на француската порнографија. 


Жерард тврди дека никогаш не ја злоупотребил својата позиција како продуцент и режисер, тие биле секогаш организирани и добро подготвени. Секогаш се осигурувал сите да се чувствуваат пријатно за време на снимањето. Во неговата кариера доживеал многубројни падови и подеми, а како најголем непријтел му било движењето за слобода на француските жени. Тој вели:

"Во моите филмови женaта се славеше. Моите глумици беа главните протагонисти. Во тоа имаше голема слобода за жените. И ниту една жена не беше присилувана да глуми во филм".


Помеѓу 1977 и 1982 година за филмовите на Кикоин се продаваа повеќе од 4 милиони карти. Филмовите биле навистина успешни и беа прикажувани во повеќе од 30 држави. Буквално низ целиот свет. Но, традиционалната филмска индустрија била многу против работата на Кикоин.


"Кога престанав да работам со порно филмови, јас бев на црната листа. Американците ме сакаа и бараа, но во Франција никој повеќе не сакаше да соработува со мене", вели Кикоин за vice.com.


На прашањето што мисли за сегашната порно индустрија тој вели:

"Порно индустријата секогаш се развиваше на начин што постојано доживуваше прекини и шокови. Јас создавав порно за во кино, ќе одевте на кино и ќе гледавте пенис на голем екран. После тоа, можевте да гледате порно на ТВ. Во 1985 година за прв пат во Франција се прикажа порно на телевизија. Тоа беше шок за мене. Порното сега стана толку достапно на страни како YouPorn дефинитивно привлекува голема публика кон овој жанр".




Спонзорирани линкови

Маркетинг