Се враќа на голема врата: Омилениот музички плеер е повторно меѓу нас

Точка

12/02/2018

16:46

1.368

Големина на фонт

а а а

Сите кои пораснаа во времето на почетокот на интернетот, односно кога мрежата почна да го доживува својот прв “бум”, не можеа а да не го користат “Winamp”, еден од најпопуларните и најомилените музички плеери на кого и денес со носталгија се присетуваме.

“Winamp” од неодамна повторно стана достапен, овој пат како емулатор кој може да се стартува од било кој актуелен интернет прелистувач. 


Корисниците можат да си “играат” со промена на различни “скинови”, така што ќе ги менуваат во прозорецот на прелистувачот или ќе ги додаваат на ист начин, како и mp3 фајловите – доколку сè уште ги имате.

Новиот “Winamp” изгледа и функционира како и оргиналната верзија, а единствено нешто кое му недостасува е додатокот за визуелни ефекти наречен “Milkdrop 2.0” кој ја следи музиката пуштена во “Winamp”. 


Автор на овој емулатор е програмерот од Сан Франциско, Џордан Елдриџ. 

Музичкиот плеер “Winamp” престана да добива ажурирања и нови верзии во 2014 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk