Моќен подвиг: Range Rover совлада 99 кривини и 999 скали

Точка

13/02/2018

10:24

1.451

Големина на фонт

а а а

Range Rover изведе уште еден епски подвиг и тоа за само 23 минути. Толку траеше искачувањето на еден од најопасните патишта во светот.

Десет километри долгата нагорнина на планината Тјанмен има 99 кривини, но и 999 скали. А доколку се прашувате зошто никој претходно не ги совладал истите, доволен е податокот дека скалите се под агол од 45 степени. 


Предизвикот наречен “Dragon Challenge” го изведе возачот во Формула Е на Jaguar, Хо-Пин Танг, со помош на Range Rover Sport во хибридна верзија наречена P400e.


“Уште се тресам од возбуда. Имам искуство од Формула Е, Формула 1, а славев и на Le Mans, но ова без двоумење беше еден од најголемите предизвици со кој некогаш сум се соочил”, изјавил Танг.


Range Rover Sport P400e го придвижува 2,0-литарски четирицилиндричен бензинец во комбинација со електромотор, а неговата максимална моќ изнесува 404 коњски сили и 640 Nm вртежен момент.


Погледнете го видеото:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk