Casio G-Shock Total Black MR-G е инспириран од древните самурајски воини

Точка

13/02/2018

12:06

879

Големина на фонт

а а а

G-Shock Total Black MR-G е часовник кој е инспириран од самурајските воини Куро-Зонае (Црни чувари), а она што го потврдува тоа е црното куќиште на овој часовник.

Часовникот е во потполност изработен од метал со различни завршни обработки, а сите се во истата нијанса на црна боја. Освен споменатите темни и моќни нијанси на црна, G-Shock Total Black MR-G ја отелотворил древната сила на самураите и во сопствената сила и сигурност. 


Прстенот кој го опкружува бројчаникот е изработен од нов материјал наречен кобарион. Кобарион е посебна легура на кобалт која се покажала најмалку двојно поиздржлива од нерѓосувачкиот челик. Куќиштето и нараквицата на часовникот се завршно обложени со траен дијамантски јаглен.


Часовникот е исто така опремен со т.н. 3-Way Connected Engine модул кој го поврзува часовникот со мобилниот телефон и се поврзува со GPS сигнал со цел секогаш да го покажува најточното можно време на било која локација во светот.


Освен тоа, тука е веќе и познатата отпорност на удари на G-Shock, воодотпорност до 200 метри длабочина, а енергијата за непречената работа, секако, ја црпи од сонцето.

Со овие опции доаѓа и високата цена, а таа во овој момент изнесува 3.700 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk