Мурињо незадоволен: Португалецот подготвен да се ослободи од своите најконстантни стопери

Дерби

13/02/2018

22:15

1.073

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед е тим кој има примено најмалку голови во Премиер лигата во досегашниот дел од сезоната, но како што тврдат таблоидите, неконстантноста која посебно доаѓа до израз на гостувањата го натерала Жозе Мурињо да размислува на комплетно нов стоперски тандем за наредната сезона.

Проблем за Португалецот оваа сезона секако е тоа што речиси во ниту еден момент не можеше да смета на Ерик Баји, а бавната адаптација на Линделоф им овозможи на Џоунс и Смолинг да истапат како први стопери на Мурињо, односно стартери и играчи со најголема минутажа. Сепак, како што информираат угледните англиски медиуми, португалскиот менаџер воопшто не е задоволен од нивото на игра и стабилност кое го прикажуваат двајцата стопери, па поради тоа, уште отсега прави планови за тоа како ќе изгледа неговиот стоперски тандем наредната сезона.

Според „Мирор“, истиот сигурно нема да го сочинуваат Џоунс и Смолинг кои пред два дена беа брутално искритикувани и од Фил Невил, а угледниот весник исто така информира дека Жозе најверојатно ќе се обиде да ги продаде двајцата во летниот преоден рок, и со заработката од двата трансфери да доведе еден елитен стопер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг