Разоткриен тајниот договор поради кој Меси добива поштеда на натпреварите повеќе од било кога

Дерби

13/02/2018

21:15

1.701

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси како никогаш досега добива поштеда од тренерот Ернесто Валверде, а ако првичнот шпанската јавност ги процени ваквите потези на тренерот како навистина храбри со оглед на тоа што претходно ниту еден стручњак не го оставаше Аргентинецот на клупата, сега пристигна едно малку подетално образложување на оваа тема.

Претседателот на Фудбалската федерација на Аргентина излезе со интересна изјава во обраќање за телевизијата „Тик Спортс“, посочувајќи дека поштедите кои ги добива Меси од Валверде се производ на договорот кој го постигнал тој со него пред почетокот на сезоната. Со оглед на тоа што по крајот на оваа сезона ќе биде актуелен фудбалскиот мундијал во Русија, Клаудио Тапија побарал од Меси да одмора како никогаш претходно и да дојде што е можно посвеж на Светското првенство.

– Разговарав со Меси да се пази повеќе и да игра помалку од тоа што досега го правеше. Ова беше нашиот таен договор. Побарав да добива поштеда на натпревари кои се помалку важни за тимот. Тоа ќе ни биде од огромна корист на нас и тој ќе биде посвеж за важниот турнир кој е пред нас, – открива Тапија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг