Кејн го собори рекордот на Роналдињо, Дрогба, Инзаги...

Точка

14/02/2018

09:08

585

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот на Тотенхем оваа сезона игра во фантастична форма, а покрај тоа што брилира во домашното првенство, тој игра во врвна голгетерска форма и во Лигата на шампионите.

Синоќа лондонски Тотенхем одигра нерешено, 2:2 против Јувентус на гостувањето во Торино и може да се каже дека избраниците на Маурицио Покетино имаат поволен резултат во пресрет на реванш натпреварот на „Вембли“ во Лондон.

Еден од двата погодоци синоќа во Торино за Тотенхем ги постигна Хари Кејн кој што постави нов рекорд. Хари Кејн постигна девет погодоци на своите девет натпревари во најелитното европско клубско натпреварување и со тоа ги престигна Роналдињо, Дрогба, Инзаги и Кошта кои што имаат постигнато еден погодок помалку.

Покрај тоа, Хари Кејн ова сезона има постигнато 33 погодоци во сите натпреварувања, односно повеќе од било кој играч во Европа.

Реванш натпреварот помеѓу Тотенхем и Јувентус е закажан за 7-ми март.



Спонзорирани линкови

Маркетинг