Во 2018 година, на Фејсбук му се заканува голема загуба на корисници, се очекува превласт на оваа популарна мрежа

Точка

14/02/2018

10:25

745

Големина на фонт

а а а

Фејсбук и понатаму е најпопуларната социјална мрежа во САД, но популацијата која е помлада од 25 години сè повеќе се свртува кон Снепчет, наведува eMarketer.

Според нивните проценки, во 2018 година, бројот на корисници на Фејсбук во САД би требало да опадне за 5,6 отсто во доба од 12 до 17 години, односно за 5,8 отсто помеѓу 18 и 24 години. 

“Ова е прв пат eMarketer да предвидуваат пад на Фејсбук кај младите во доба од 18 до 24 години”, објавиле тие во понеделникот.


Овој центар предвидува дека во 2018 година, Фејсбук ќе изгуби 2 милиони корисници кои се помлади од 25 години. Додека Фејсбук губи, Снепчет привлекува и би требало да добие нови 1,9 милиони корисници.

Нешто помалку – 1,6 милиони нови корисници кои се откажале од Фејсбук би се префрлиле на користење на Инстаграм.

Во САД, Инстаграм е и понатаму поважен од Снепчет по вкупниот број на корисници кои пораснал за 13,1 отсто во една година.


Слично на тоа, Снепчет би требало да порасне за 9,3 отсто на 86,5 милиони корисници. Фејсбук од друга страна продолжува да ја освојува постарата популација и има постојан број од 169,5 милиони корисници.

“Снепчет би можел да ги привлече и постарите корисници доколку ја редизајнира својата платформа и ја поедностави неговата употреба”, вели Дебра Ахо Вилијамсон, аналитичарка на eMarketer.


Неодамна, Снепчет воведе неколку новитети со цел да ја поедностави употребата, но прашањето е “дали младите и понатаму ќе сметаат дека Снепчет е кул доколку почнат да го користат нивните родители и дедовци и баби”, вели Вилијамсон и потсетува – “Токму тоа е ситуацијата со која сега се соочува Фејсбук”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk