За сите љубители на добропознатото “Old No. 7”: Џек Дениелс започна со производство на кафе со виски

Точка

14/02/2018

12:02

571

Големина на фонт

а а а

Џек Дениелс е дефинитивно еден од најпознатите алкохолни брендови и сигурни сме дека многу од вас го обожуваат легендарното виски кое постои веќе 150 години.

Вискито е жесток пијалок кој се смета за луксуз и кој често се карактеризира како машки пијалок кој опушта, а истиот одлично одговара со пура и добро друштво. Меѓутоа, вискито не е пијалок кој може постојано да се консумира, а посебно не е добро да се консумира во раните утрински часови.


Поради тоа, Џек Дениелс одлучи да им приреди изненадување на сите љубители на вискито и да им пружи вкус на совршено виски штом ги отворат очите. 

Џек Дениелс ги здружи своите сили со компанијата “World of Coffee” со цел да направи посебно кафе со два специјални вкуса. “Jack Daniel’s Tennessee Whiskey Coffee” во себе содржи 100% арапско кафе кое е обогатено со арома на вискито “Old No. 7”.


Она што мора да се напомене е тоа дека ова кафе не содржи алкохол во себе, па така ќе можете да уживате во неговиот вкус секое утро, па дури и во текот на денот или на работното место.

“Ние го користиме најквалитетното и највкусното кафе на светот, а сега во неговиот состав го додадовме и автентичниот вкус на Џек Дениелс кој со сигурност ќе го направи ова едно од нашите најпродавани кафиња”, изјавил Чарли Њуман, претседател и сопственик на компанијата “World of Coffee”.


За жал, ова кафе е моментално достапно само во Америка, но се надеваме дека ќе се појави и на нашиот пазар во скоро време.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk