Момче и девојка се откажале од успешните кариери и заминале да ги истражуваат убавините на Кина

Точка

14/02/2018

12:08

1.739

Големина на фонт

а а а

Сигурни сме дека досега сте прочитале многубројни приказни за луѓе кои едноставно даваат отказ од работа за да го прошетаат светот. Додека другите луѓе патуваат на краток период по повод некои празници или летни и зимски одмори, каде уживаат на плажа или одат на скијање, купуваат сувенири за себе или своите пријатели, авантуристити се одлучуваат да ја ризикуваат својата кариера па храбро отвараат ново поглавје во животот. Па, животот е краток и треба максимално да уживаме во него, зарем не?

Овој пар се одлучи да го направи тој чекор и отпатувале во Кина со цел се повеќе да ја истражуваат. Првенствено тие сакале да останат на неколку недели, но парот е таму веќе една и пол година. Димитри кој бил главен извршен директор во израелска агенција за технологија и Џулија која се откажала од манекенската кариера и можноста да победи на Интернационален натпревар за убавина, е парот кој Ве води на една нова авантура. 


Што доби овој пар за возврат? Првенствено, имаат премногу слободно време за да уживаат и да ги истражуваат разновидните делови на Кина и околните места. Потоа, имаат можност да го прават она кое што целиот свој живот го посакувале - да документираат фотографии од нивните патувања. А, како последно тие силно веруваат дека не постои ништо што е невозможно сè додека навистина сакате да промените нешто во Вашиот живот.


Тие велат дека во Кина ќе останат уште една година, бидејќи таа земја е полна со изненадувања. За нивните идни планови сè уште не размислуваат, но оние кои еднаш ќе искусат слободна никогаш не се враќаат на старото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг