Се појавила полугола, а потоа останала и без гаќичките: Убавицата на карневалот во Рио само продолжила да танцува

Точка

14/02/2018

14:17

4.661

Големина на фонт

а а а

Убавата Бразилка се појавила со зелена лента на своето тело, а градите ѝ биле прекриени со светки. На грбот носела големи портокалови крилја.

Кралицата на убавината на бразилскиот карневал, при танцувањето останала без гаќички, но тоа ни за момент не го запрело нејзиното танцување. 

Убавата Тарин Лопез продолжила да танцува, прикривајќи ги најинтимните делови од нејзиното тело со цел да не ги открие пред илјадниците љубопитни посетители.

Нејзината незгода ја забележале и камерите, а Лопез многу брзо станала сензација на социјалните мрежи.

Бразилката се појавила во тенка зелена лента која била замотана околу нејзиното тело, а кога за време на настапот ги “изгубила” гаќичките, таа брзо се снашла и ги придржувала со раката.


“Не можев да застанам. Морав да продолжам да танцувам додека пробував да ги придржам со раката за да не останам без нив. И онака покриваа само мал дел од моето тело”, изјавила Тарин.


Како претставничка на својата танцувачка школа од Сао Паоло, таа морала да ги води другите танчери. Костимот кој Лопез го носела е дизајниран за да го претставува забранетото овошје бидејќи целата парада ја пренесувала приказната за Адам и Ева.






Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk