Зимски олимписки игри за роботи - скијачи!

Точка

14/02/2018

15:40

726

Големина на фонт

а а а

Зимските олимписки игри кои што се одржуваат во Јужна Кореја можеби се досега најнапредните кога станува збор за употребувањето на технологијата.

Досега беа претставени бројни технологии и иновации кои што им помагаат на спортистите, гледачите на ТВ екраните, но и се грижат за безбедноста, а сега организаторите одлучија да им дадат шанса на инжинерите и научниците активно да учествуваат на игрите.

Имено, во Јужна Кореја паралелно со Зимските олимписки игри се одржуваше и првиот светски Ski Robot Challenge, односно скијачки спуст на кој што учествуваа роботи. Во натпреварувањето учествуваа осум тимови, во најголемиот дел од Универзитетите, Технолишките инситути и разни технолошки компании од Јужна Кореја.


Правилата се јасни - роботот мора да биде повисок од 50 сантиметри, да „стои“ на две „нозе“ и да има „зглобови“. За награда беше потребно за што побрзо време да се заобиколат одреден број на знамиња.

Победата ја однесе корејската компанија Mini Robot Corp. со роботот - скијач наречен Taekwon-V, а главната награда беше парична и изнесуваше 10 илјади долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг