Бидете внимателни: Додека вие гледате телевизија, вашиот телевизор ве гледа!

Точка

14/02/2018

19:15

3.006

Големина на фонт

а а а

На пазарот има се повеќе паметни телевизори, односно напредни уреди кои што покрај редовната телевизиска програма на корисниците им нудат и користење на интернет на големиот екран.

Додека произведувачите ги истакнуваат предностите на нивните паметни телевизори кои што овозможуваат видео повици, фотографирање и снимање на видеа со вградената камера, американската организација за заштита на потрошувачите "Consumer Reports" предупредува дека ваквите телевизори можат да бидат злоупотребени за некој да ве снима.

Според извештајот, сите паметни телевизори кои што биле тестирани од страна на "Consumer Reports" следеле што гледаат корисниците, а исто така некои од нив имале и сериозни безбедносни пропусти кои што би можеле да ги доведат во опасност корисниците.


Имено, хакерите релативно лесно можеле да превземат контрола над паметниот телевизор, да инсталираат апликации, да пуштаат различна содржина од интернет, да менуваат програми, да снимаат преку интегрираната веб камера и слично.

Покрај слабата безбедност, од "Consumer Reports" предупредуваат дека паметните телевизори се опремени со "Automatic Content Recognition", односно систем кој што следи што корисниците гледаат, со цел „да се подобри корисничкото искуство“. Но, тоа значи дека податоците би можеле да се искористат за подоцна да се пласираат прилагодени огласи кои би можеле благодарение на паметниот телевизор, да се прошират и на вашиот паметен телефон и компјутер.


Од американски "Federal Trade Commission" сметаат дека произведувачите треба да побараат согласност од своите корисници пред воопшто да започнат да собираат податоци околу тоа кој и што гледа.

Како и да е, доколку планирате да купите или веќе поседувате паметен телевизор, размислите за инсталација на дополнителни безбедносни програми на својата бежична мрежа како на пример "Firewall", исклучете ја опцијата за "Automatic Content Recognition" доколку постои таква можност, или пак исклучете го Wi-Fi сигналот на вашиот паметен телевизор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг