Кои бои на автомобили купувачите најчесто ги одбирале во 2017 година?

Точка

14/02/2018

16:09

915

Големина на фонт

а а а

Белата боја останува на светскиот трон како најпопуларен избор за надворешниот изглед на автомобилите.

На светско ниво, белата нијанса ја задржала водечката позиција во сите сегменти на возилата и сè уште е избор број 1, покривајќи 40 отсто од вкупниот пазар, покажува годишниот извештај објавен од страна на BASF. 

Со црна, сива и сребрена, ахроматските бои и понатаму се најзастапени.


Кога станува збор за хроматските бои, учеството на сина и црвена е речиси еднакво, а по нив следи кафеавата нијанса. Она што може да се заклучи на глобално ниво е тоа колку автомобилот е помал, толку нијансата е повпечатлива.

Зголемената продажба и поголемиот избор на SUV модели значително влијаеле на овогодинешните бројки. И додека белата и црната доминираат во овие сегменти, црвената, сината и посебно кафеавата нијанса се појавуваат сè почесто. 

Што се однесува до бројките за Европа, ахроматските бои и понатаму се најпопуларни.


Околу 78 проценти од сите продадени автомобили во 2017 година биле со бела, црна, сива или сребрена нијанса, со што се продолжил досегашниот тренд.

Меѓу ахроматските бои, уделот на сивата боја пораснал за 19 отсто. Со тоа, нијансите на сиво станале популарни исто колку и црната боја. За зголемениот удел на сива боја заслужни се многубројните нијанси. Сивата боја е втора на листата како боја со најголем број на нијанси, веднаш по сината. 

Со речиси 130 различни нијанси, сината боја останала ненадминлива кога станува збор за разновидноста. Моментално на пазарот се наоѓаат стотици бои за автомобили кои вклучуваат широк распон на уникатни ефекти.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk