Владимир Четкар: "Бајка" помеѓу два вулкани

Точка

21/09/2018

10:25

4.399

Големина на фонт

а а а

„Долгите возења со велосипед по патот со калдрма кој ги поврзуваше градчињата и селцата на островот, планинарењета по вулканите Концепцион и Мадера. Пливањето по малите кристални езерца во внатрешноста на островот.

Овие работи вечно ќе ги паметам.“- раскажува еден од најдобрите македонски музичари, промотори на сопствената земја, Владимир Четкар. А вие подгответе се за незаборавно патување низ Никарагва, или поконретно островот Ометепе.

Кој беше поводот, од каде идејата за посета на Ометепе?

- Патувам постојано поради природата на мојата професија, но и поради љубовта кон самото патување. Никарагва беше една од дестинациите кои долго време посакував да ги посетам, а за островот Ометепе првпат дознав случајно преку магазин за пури кој тутунот од островот го вреднуваше како еден од најквалитетните и најценетите во светот. 


Населен ли е овој најголем остров на езерото Никарагва? 

- Преку целата година на островот живеат околу 40.000 луѓе кој се воглавно населени во двете градчиња Мојогалпа и Алтаграциа.

Што може да се види островот? 

- Природата е нечепната и пребогата со растителен и животински свет. Има илјадници антички петроглифи и локалитети на Ацтеките распространети низ остров што на Ометепе му дава дополнителен шарм и мистерија. Водопадите, прашумите, џиновските пеперутки, црните вулкански плажи, кристалните мали езерца, но и мрачните мочварeсти лагуни од каде што демне легендата на Чарко Верде се дел од нештата кој таму можат да се видат.


[Островот Ометепе е вулкански и е настанат со издигнувањето на двата вулкани близнаци, Концепцион и Мадера]

Интересна е приказната за неговото настанување? 

- Името на остров Ометепе доаѓа од Ацтеките. Островот е вулкански и е настанат со издигнувањето на двата вулкани близнаци, Концепцион и Мадера. Величенствено доминираат на островот со својата перфектна форма. Вулканот од северната страна се вика Концепцион и се уште е активен.Токму поради вулканската почва која е преплодна таму буквално се блика од живот.

Околу самиот остров пливаат од сабјарки до ајкули, не ти беше страв?Дозволено е капење во самото езеро? 

- Точно е дека во езерото Никарагва каде Ометепе е најголемиот остров има ајкули кој се од типот Бик Ајкула. Тие се единствените ајкули кој се адаптирале да живеат и во слатководни езера и реки. За среќа не видов ниту една додека се капев во езерото. Но, верувајте ми бев мнооогу внимателен.

Запознај не со непосредната околина на островото што подразбира езерото во поширока смисла?


[Климата е тропска и местоположбата е уникатна, бидејќи од крајбрежјето на езерото за само неколку часа може да се стигне до прекрасните плажи на Сан Хуан Дел Сур на Пацификот]

- Островот се наоѓа во најголемото езеро во централна Америка, езерото Никарагва. До него се стигнува со фери брод или со авион меѓутоа најпрактично е да се патува со фери од пристаништето Сан Јорге до градчето Мојогалпа. Патувањето трае еден час и глетките се спектакуларни. Климата е тропска и местоположбата е уникатна, бидејќи од крајбрежјето на езерото за само неколку часа може да се стигне до прекрасните плажи на Сан Хуан Дел Сур на Пацификот. Исто така вреди да се спомне дека еден од најубавите шпански колонијални градови со неокласичен стил, градот Гранада се наоѓа на брегот на езерото Никарагва.

Зошто го издвојуваш како посебно ова место, што ќе ти остане посебно во сеќавање? 

- Долгите возења со велосипед по патот со калдрма кој ги поврзуваше градчињата и селцата на островот, планинарењета по вулканите Концепцион и Мадера и пливањето по малите кристални езерца во внатрешноста на островот. Овие работи вечно ќе ги паметам.

Што треба да се понесе кога се оди на Ометепе? 

- Најбитно е да се понесе авантуристичкиот дух, позитивната енергија и добра кондиција за да може да се пропешачи целиот остров. Само така ќе поминете навистина незаборавно.


[Доколку планирате да го посетите Оматепе понесете авантуристичкиот дух, позитивната енергија и добра кондиција]

Ометепе ако треба да се опише со еден збор? 

- Бајка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг