Можно е избивање на пожар: Алфа Ромео има сериозен проблем со моторите

Точка

08/10/2018

17:46

843

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот производител на автомобили, Алфа Ромео започна со повлекување на моделите “Giulia” и “Stelvio Quadrifoglio” во САД поради проблеми со моторот.

Имено, забележано било протекување на цревото од ладилникот кое што може пак да доведе до прегревање на моќните агрегати (2,9-литарски твин турбо мотор) кои што располагаат со 500 коњски сили и 600 Nm максимален обртен момент. Со тоа, според проценките, постои реална можност да избие пожар.

За среќа, дефектот бил регистриран кај само 674 автомобили во Соединетите Американски Држави, па сега автомобилите се повлекуваат за да биде извршена промена на спорните црева поради кои настанува проблемот.


Меѓутоа, исто така постои проблем и со моделите на “Giulia” и “Stelvio” кои што располагаат со помалиот 2,0-литарски агрегат со 280 коњски сили и 400 Nm максимален обртен момент.

Како што пренесуваат американските медиуми, кога станува збор за овие мотори, постои проблем при неуспешното стартување на моторот кое што доведува до прегревање на катализаторот, па и овој проблем може да предизвика пожар.


Се проценува дека овој проблем има далеку поголеми размери, односно најверојатно со проблемот се соочуваат најмалку 37 илјади автомобили само во САД. Инаку, токму “Giulia” и “Stelvio” ја кренаа популарноста на Алфа Ромео во САД и според многумина, ја вратија италијанската компанија на „автомобилската мапа“ во оваа држава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг