Facebook тестира гласовно диктирање на пораки за Messenger

Точка

09/10/2018

16:49

862

Големина на фонт

а а а

Апликацијата за пораки на социјалната мрежа Facebook, Messenger наскоро би можела да им овозможи на корисниците со помош на диктирање да испраќаат пораки, да креираат потсетници и да повикуваат одреден контакт.

На фотографиите кои што протекоа на интернет, може да се види новото „М“ копче на врвот на екранот, кое што, според гласините, кога ќе биде кликнато на него, ќе го активира слушањето на говорните команди на Messenger.

На тој начин ќе се олесни користењето на апликацијата за пораки на најголемата социјална мрежа на светот, а ќе се исклучи и потребата за користење на екранот.

Ова секако ќе биде побезбеден начин за комуницирање кога на пример, корисникот ќе вози автомобил, а исто така, со новата функција, апликацијата ќе стане попристапна за лицата со слаб и оштетен вид.


Гласовните команди на Facebook Messenger се новост и од социјалната мрежа моментално работеле на нивно тестирање. Портпаролот на Messenger го потврдил тоа за “TechChurch” и нагласил дека компанијата моментално тестира функција на гласовна команда.

„Често експериментираме со новите искуства на Messenger со нашите вработени. Во овој момент немам што да ви кажам повеќе“, изјавил портпаролот кој што исто така не дал никаква информација околу тоа кога Messenger апликацијата би можела да ја добие оваа функција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг