Терминаторите се пред врата: На чекор сме до роботите-убијци, терористите само чекаат!

Точка

10/10/2018

10:06

1.397

Големина на фонт

а а а

Не само што роботите можат да бидат опасни кога ќе почнат да делуваат без надзор од човекот туку и терористичките групи би можеле да ги употребат за напади на кои не би се можело да им се влезе во трага.

Иако напредокот со борбени возила и авиони без екипаж им помогна на војската да го намали бројот на луѓе во борба, изгледа дека и ваквите технологии претставуваат ризик за човештвото. 

Бен Доналдсон, експертот за Обединетите Нации, во интервју за Дејли Стар објаснува дека човештвото е на ивица од произведување на нови системи за вооружување со кои би можеле да се убиваат луѓе без смислени човечки контроли.


"Добар дел од таа технологија веќе постои, а развојот и понатаму се движи во тој правец - од јужнокорејските чувари со пушки кои можат сами да идентификуваат и нападнат противници до израелскиот Хароп, бомби кои лутаат и можат да идентификуваат, селектираат и да нападнат подвижни мети без надзор од луѓе", тврди Доналдсон.

Тој додава дека и во некој момент, брзиот развој на технологијата би можел да ја надмине човечката способност што би довело до автономни машини за одредување и уништување на цели кои не би ја одредувала човечката интелигенција.

"Постои голем ризик дека технологијата која овозможува автономно оружје да убива, би развивала многу побрзо од потенцијалната технологија која би овозможила да ги разликува метите. Тоа значи дека автономното оружје би било побрзо на чкрапалото отколку луѓето", предупреди Доналдсон.


Д-р Субхаш Как, компјутерски инженер и професор на Универзитетот "Оклахома" рекол дека роботите-убијци можат да се најдат во сопственост на тајни групи кои би можеле да ги искористат за напади на кои нема да може да им се влезе во трага.

"Технологијата за човечки роботи-убијци веќе е тука. Лошите момци ќе бидат во состојба да произведат делови со кои лесно би можеле да се најдат на отворениот пазар или да ги продаваат на црно. Веројатноста за терористичките напади на кои нема да може да им се влезе во трага нагло се зголемува", нагласи Как.



Спонзорирани линкови

Маркетинг