Златната крв на луѓето им го претвора животот во пекол: Тие кои ја имаат би платиле да ја променат, само поради неколку работи

Точка

10/10/2018

13:59

5.288

Големина на фонт

а а а

Златна крв по името потсетува на нешто како сина крв, но иако таа има кралско место во медицинскиот систем, оние кои ја имаат не се поврзани со кралско потекло. Златната крв е надимак за најреткиот тип на крв со негативен Rh фактор.

Тој тип е толку редок што на светот луѓето со тој тип на крв се 43, а до 1961 година кога за прв пат беше дијагностицирана, лекарите сметале дека ембрионите со тој тип ќе умрат во матката. 

Крвта во минатото се сметала за топла и влажна и станала дел од карактерот на сангнивика. Колку повеќе крв имала личноста во својот организам, толку таа била постраствена, похаризматична и поимпулсивна личност. За тинејџерите се верувало дека имаат многу крв, а за мажите дека имаат повеќе крв од жените, пишува Big Think.


Тоа доведе до низа на лоши медицински совети. Најславните помеѓу нив беше и оној лекар Гален од Пергам, кој веруваше во мислата: "Кога се сомневаш, пушти крв". Тој прогласи дека крвта доминира во телесната течност, а пуштањето на крвта на добар начин го балансира телото.

Обичајот за давање крв беше дел од вообичаената пракса далеку во 19 век, а откритието на Вилијам Харви од 1628 година за крвотокот, едно од најголемите медицински откритија доведе до развој на модерната технологија. Набрзо следуваше и првиот обид за трансфузија на крвта, но беше неуспешен сè до оној кој го изведе британскиот лекар Ричард Ловер во 1655 година.

Неговата операција беше изведена помеѓу кучиња, а успехот ги охрабри и лекарите да се обидат со трансфузија на крв од животни на луѓе, наречена "ксенотрансфузија". После смртта на неколку пациенти таа пракса е забраната.


Првата успешна трансфузија на крв е изведена во 1818 година. И покрај техниката и некои успешни примери, низа пациенти умирале во годините од мистериозни причини.

Австрискиот лекар Карл Ландстајнер започнал да работи во 1901 година на класификација на крвните групи. Тој ја истражувал работата на физиологот Леонардо Ланд кој покажа како крвните клетки се собираат кога од едно животно ќе се пренесат на други. Тој помисли дека такво слично нешто може да се случи и кај човечките трансфузии, што би објаснило зошто трансфузиите биле недоследни. Во 1909 година класификувани биле А,B, AB и 0 крвна група, а за овој редослед Леонардо бил награден со Нобелова награда. 

Крвта се состои од крвна плазма, крвни клетки - еритроцити, леукоцити и крвни плочки и тромбоцити. Секој компонент има своја функција, но црвените крвни клетки се одговорни за дефинирање на крвната група. Присутноста или отсутноста на одредени антигени го одредува типот на крвта, крвта со крвна група А има само антигени А, тип B само B, тип AB и двете, а тип 0 ниту еден антиген. Црвените крвни зрнца содржат и друг антиген наречен RhD протеин. Кога е присутен се смета дека тој тип на крв е позитивен, кога е отсутен, тогаш типот е негативен.


Системот функционира така што имунолошкиот систем пропушта крвни клетки само ако го препознае антигенот. Ако не го препознае, активира одбрана и уништува напаѓачот. Иако имунолошкиот систем е многу остар, тој баш и не е толку бистар. Ако личност со крвна група А прими трансфузија на  крв од типот B, имунолошкиот систем новата супстанца нема да ја препознае како потреба за спасување на животи.

Претходно споменетиот RhD протеин се однесува на еден од 61 потенцијален протеини во RhD системот. Крвта се смета за RhD негативна доколку недостигаат сите од 61 можни антигени во Rh системот. Ова не само што ја прави ретка, туку значи и дека може да ја прими било кој со редок тип на крв во внатрешноста на Rh системот.

И токму поради тоа се нарекува "златна крв".


Таа е во медицината многу важна, но со неа е многу опасно да се живее. Ако личноста која е носител на Rh фактор ѝ е потребна трансфузија на крв, можеби ќе им биде тешко да пронајде донор. Оние кои ја имаат се потпираат на трансфузија на крв како еден вид на осигурувње за себе. Но, со толку малку потенцијални донатори во светот и ограничување колку често тие можат да дадат крв, ова може да биде малку поголем проблем.

Околу крвните групи и понатаму постои низа на мистериозни прашања како што е непознато зошто луѓето развиле А и B антигени. Некои теории ќе речат дека овие антигени се нуспродукт на разни болести со кои луѓето се сретнале во минатото. Но, тоа не можеме да го потврдиме со сигурност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг