Нова приказна од уметноста во кулинарството: Точка на Chef's Table во Дистрикт бар и ресторан

Точка

10/10/2018

16:33

2.486

Големина на фонт

а а а

На наше големо задоволство, бевме поканети на првиот Chef's Table во Дистрикт бар и ресторан. Chef's Table е нов и уникатен начин на кој можете да поминете убави моменти во друштво на Вашите пријатели, колеги и семејство, уживајќи во гастрономски ремек-дела.

Имено, овој нов концепт на Дистрикт бар и ресторан има за цел секој месец да подготвува ново мени, исполнето со 5 до 10 јадења кои раскажуваат кулинарски приказни од различни делови на светот. Со овие кулинарски приказни на Chef's Table ве запознава Executive Chef – Кирил Ставрев, кој донесе вистинско освежување со глобално искуство.

Преку храната подготвена од неговите талентирани раце, ни се нуди можност да отпатуваме во светот на кулинарските техники, да ѕирнеме во уметноста наречена кулинарство и да ја вкусиме приказната која ја раскажува секој залак од специјалитетите на Chef's Table.

Chef’s table е всушност концепт кој е релативно нов во нашата држава, а е многу популарен низ светот. Поентата e за сите љубители на храна да се овозможи дружење заедно со главниот шеф, кој што ги носи од „позади завесите” и ги објаснува сите техники на готвење. Целта на овој концепт е да се направи нешто уникатно и авангардно, надвор од стандардното мени и на некој начин да се направи суптилна едукација за уникатните вкусови и техники популарни низ светот.


Кирил секој месец ќе составува ново мени, инспириран од несекојдневните вкусови на медитеранската храна. Chef’s table е upscale dining и секое јадење се служи со посебна чаша вино. 

На менито на првиот Chef’s table беа презентирани пет специјалитети. Секој специјалитет подготвен на уникатен начин, беше во совршена композиција со вкусовите и редоследот на сите јадења кои беа приготвени конкретно за оваа прилика. Акцентот беше ставен на морската храна и чаденото месо, секако со авторски печат на главниот готвач, а за крај можевме да уживаме во десерт кој ја заокружи оваа хармонија на вкусови.

Amuse Bouche

На почетокот, од менито на Chef’s table пробавме Amuse Bouche. Amuse Bouche е всушност крцкава кожа од пиле, приготвена со мед, а пред консумација на истата ја наросувате со мешавина од зачини и афионско семе. Вкусот на Amuse Bouche е совршена композиција на сладок вкус и трошка горчливост која ја дава афионското семе.

Scallops /caviar/ beurre blanc

Вториот специјалитет беше Скалопи до црн кавијар и сос од лимон и путер. Овој специјалитет е мала експлозија на вкусови во еден залак. „Мало, а сепак многу големо“ е коментарот кој со најмалку зборови може да го опише овој вкусен специјалитет.

Pork tenderloin /smoked Foie

Третиот специјалитет кој го пробавме беше Свинско филе, роловано во зачини и чадена „foiе gras“ (џигер од патка). Уште еден многу вкусен и интересен оброк кој е вистинско задоволство и несекојдневна верзија на свинско филе.

Raw Langoustine/Qinua/Red pepper

Четвртиот специјалитет од менито на Chef’s table беа Свежите лангустини со киноа, пире од грашок и кулис од црвена пиперка. Шаренолик спој кој создава една компактна целина на многу лесен оброк. Вкусот на овој специјалитет можеме буквално да го опишеме како лесен, ненападен, а многу богат. Мора да го пробате за да дознаете.

Ribeye/Carrot /Black garlic

Петиот и последен специјалитет на менито беше Телешкиот рибај со сос од црн лук и моркови во глазура од хариса сос. Прва релација и зборови со кои би можеле да го опишеме овој специјалитет се сочност и мекост на текстурата на Телешкиот рибај. Телешкиотрибај беше одличен во комбинација со сосот и морковите кои беа со исто така специфичен вкус за кој допринесува глазурата од Хариса сосот.

Frozen Panna cotta


На крајот, вечерата ја завршивме со Замрзната панакота, со ред велвет, карамел сос и свежи малинки. Слатко задоволство за совршен крај.





Спонзорирани линкови

Маркетинг