Познатата пејачка за пеколот со поранешниот сопруг: "Ме тепаше, силуваше и носеше љубовници дома"

Точка

10/10/2018

20:37

3.844

Големина на фонт

а а а

Пејачката Тина Тарнер во разговор за "Daily Mail" го опишала пеколот од својот живот со Ајк Тарнер, кој ѝ помогнал да ја започне музичката кариера.

Нивниот однос бил, според нејзините тврдења, многу турбулентен, а таа трпела константно психичко и физичко злоставување. 

"Прв пат кога го видов на сцената, помислив дека е грд, но дефинитивно не бев во право. На повеќето жени им беше неодолив бидејќи имаше нешто опасно во него. Се зборуваше дека се тепал со други музичари и имал лош нарав, но кога ја земаше гитарата или седнуваше зад клавирот, тој беше потполно друга личност", кажала Тина за почетокот на нивното дружење.


Ајк Тарнер ја забележал во публиката кога запеала дел од песна на микрофон, а наскоро тие станале пријатели. Долго свиреле и пееле заедно, а потоа една вечер ја преминале границата и станале љубовници. Тарнер останала бремена, а тогаш почнал нејзиниот пекол.

Пејачката не сакала да го користи името Тина кое Ајк го одбрал за неа. Таа му кажала дека не ѝ се допаѓа и дека нема да го менува нејзиното вистинско име - Ана Меј.


"Тогаш прв пат ме удри. Зема дрвен стап кој го користеше за растегнување на чевлите и ме удри по главата. Бев шокирана и почнав да плачам. Потоа ми нареди да легнам на креветот. Го мразев во тој момент. Последно нешто што сакав беше секс. Кога заврши, сфатив дека немам каде, бремена сум и немам пари", вели пејачката. Откако се породила, таа се качила на сцената по два дена бидејќи Ајк не сакал да чека таа да закрепне од породувањето. Пејачката изјавила дека секој секс со него било своевидно силување, а тепањето станало секојдневие.

Тина Тарнер тврди дека Ајк ја присилил на брак, иако веќе бил оженет. Тие се венчале во Мексико, а по венчавката ја одвел на порнографско шоу. Бракот бил пекол, а Тина вели дека во еден момент со неа во домот живееле трите негови љубовници.


Таа си заминала од насилниот сопруг откако една вечер во Далас, тој толку ја претепал што таа започнала да крвари. Одлучила едноставно да побегне од хотелската соба и да го напушти.

"За сите кои се во насилна врска, можам да ви го кажам следново: "Ништо не може да биде полошо од она низ кое сега поминувате. Ништо. Доколку станете и заминете, доколку се издигнете од пепелта како феникс, животот ќе се отвори за вас", заклучила пејачката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг