Нов холивудски пар: Неодамна се разведе, а сега е во врска со популарната пејачка

Точка

11/10/2018

10:40

3.991

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат светските медиуми, во Холивуд се појави нов љубовен пар.

38-годишниот холивудски актер Ченинг Тејтум кој се разведе од сопругата Џена Деван Тејтум, наводно пред неколку месеци "запловил" во врска со 30-годишната пејачка Џеси Џеј. 


Многумина не можеле а да не забележат дека Џеси Џеј прилично потсетува на поранешната сопруга на Ченинг.

Извор за "US Weekly" вели дека парот е во опуштена врска и дека одлично се забавува. Актерот бил забележан на неколку концерти на Џеси, а обожавателите на социјалните мрежи тврдат дека ги виделе заедно како играат голф минатата недела.

Ѕвездата на филмот "Magic Mike", пред шест месеци се разведе од сопругата, актерката Џена Деван, по 10 години брак. Тие ја имаат 5-годишната ќерка Еверли.




Спонзорирани линкови

Маркетинг