Џафери: Визијата на борците од 11 Октомври да ја преточиме во европска иднина на државата

Макфакс

11/10/2018

14:20

430

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од лично и од име на пратениците во парламетнот, на македоснкте граѓани им го честиташе 11 Октомври, Денот на народното востание.

„Ова е значаен ден во историјата на Република Македонија, симбол на решителноста и свесноста на народот кој што храбро и самоуверено застана во одбрана на слободата, а против најголемото зло во човечката историја, застана во одбрана на доброто наспроти злото, во одбрана на достоинството наспроти потклекнувањето. На овој ден, меѓутоа и секој друг ден, оддаваме почит на нивната пожртвуваност и борбеност, нивната истрајност и визија“, се наведува во честитката на Џафери.

Тој додава дека денес живееме во слободна, независна, демократска, почитувана земја која смело гради добрососедски односи и е сериозен стратешки партнер за градење мир, чекорејќи кон полноправното членство во ЕУ и НАТО.

„На тој пат наидуваме на предизвици кои се трудиме да ги надминеме со меѓусебно разбирање, почитување и негување на различностите помеѓу сите граѓани, со цел оваа наша земја да биде заеднички дом на сите граѓани кои својата иднина и иднината на идните поколенија ја гледаат во демократска, силна, модерна и европска Република Македонија“, нагласува во својата честитка, претседателот на Собранието.



Спонзорирани линкови

Маркетинг