Лав нападнал нилски коњ - и тоа за кратко стана најголемата грешка во неговиот живот

Николас Мулан, експерт за еколошко управување и конзервација вели дека никој не треба да го потценува нилскиот коњ. Лавовите се познати како предатори кои со својата брзина и моќна вилица го фаќаат својот плен. Меѓутоа, еден лав ги преценил своите способности па нападнал нилски коњ - по што веднаш зажалил. Лавол полека му се прикрадувал на нилскиот коњ, кој на почетокот не забележувал ништо. Меѓутоа, кога ја видел заканата тргнал во напад. Дошло до борба помеѓу двете животни во која нилскиот коњ успеал да го собори лавот на земја, кој пак веднаш побегнал. Николас Мулан вели: "Иако изгледаат како фини и симпатични суштества, тоа се животни кои дефинитивно не сакате да ги потцените. Можат да се уплашат многу лесно, а потоа стануваат исклучително агресивни и нема да се двоумат да ве нападнат." Тој додава и дека лавот најверојатно не сакал да го лови туку само бил љубопитен, пренесува Ladbible.