Се појави и првата (издржана) пародија на iPhone X и iPhone 8

Вчера вечер го претставија новиот iPhone X и 8. На Youtube се појави и првата критичка пародија за новиот уред. Имено, голем акцент на критиката е дека уредот е прескап како и тоа дека новиот iPhone 8 требало да го носи името 7s, бидејќи нема никаква видлива разлика со 7-цата. X-от е добар, но има некои нелогичности, како на пример го рекламираат дека има екран од крај до крај, а на горниот дел од телефонот има црн дел под кој се кријат многу сензори.