Таа ги има најдолгите нокти на светот, никој не знае како оди во тоалет!

Ајана Вилијамс од Тексас има најдолги нокти во светот, со вкупна должина од 5,5 метри. Ајана живее во Хјустон и се занимава со украсување на нокти, а сега влезе во Гинисовата книга на рекорди за 2018 година. Повеќе од 23 години Ајана ги пуштала своите нокти, а на тој чекор ја инспирирала нејзина пријателка. Таа вели дека нејзините планови се да продолжи да ги пушта повеќе. Една од потешките работи е да облече панталони, а за нивно украсување се потребни повеќе од недела дена.