Монструозен улов: Руски рибари фатиле риба од еден тон

Група рибари од рускиот остров Сахалина не очекувале дека во својата мрежа ќе начекаат ваква 'грдосија'. Тие фатиле риба од дури 1.100 килограми! Таканаречената риба-сонце или буцањ се заплеткала во нивната мрежа во близина на островот Итуруп, а станува збор за најтешката риба со коскен скелет фатена досега. "Не ни текнува дека досега сме виделе нешто слично, сме ловеле риби долги и по 1,5 метри, но досега од овој вид до толкава тежина не сме виделе", рекол рибарот Артур Балкаров.