Ова е моментот кога Ратко Младиќ беше исфрлен од судницата

Ратко Младиќ бил во добро расположение денес. Кога влегол во судницата, тој се смеел, мавтал со рацете и се поздравувал со луѓето. Во еден момент, пред изрекувањето на пресудата, Младиќ побарал одмор, наводно поради висок крвен притисок. Судијата Алфонс Орие дозволил десет минути пауза, но таа продолжила 40 минути. По враќањето во судницата, судијата почнал да ја чита пресудата. Но, тогаш Младиќ побеснал и почнал да мавта со рацете. Судијата го предупредил, но кога видел дека Младиќ продолжува да вика, го отстранил од судницата.