Заедничките изјави на Заев и Ципрас: Македонија ќе ги смени имињата на аеродромот и автопатот

Премиерот Зоран Заев, на заедничката конференција со својот грчки колега Алексис Ципрас, изјави дека владата ќе го промени името на аеродромот и на автопатот. Автопатот ќе се вика „Пријателство“, додека име за аеродромот не најавил.Премиерот Ципрас изрази задоволство од првата средба со Заев, која, како што рече е прва средба на двајца премиери од овие две земји по седум години.