Претседателот на Филипините уништи луксузни автомобили со булдожер

Филипинската полиција денеска уништила неколку луксузни автомобили од марките „порше“, „мерцедес“ и други, кои биле прошверцувани во државата. "Му кажав на директорот на царината да не ги продава автомобилите, туку да ги уништиме со булдожер. Ако ги понудевме на аукција, истите луѓе кои ги шверцуваат автомобилите, ќе ги купеа од царината, и пак ќе беа во добивка", рекол тој.