Зелен ѕвер: Audi го претстави новиот модел RS5 Sportback

Германскиот производител објави фотографии и технички детали за првиот Audi RS5 со пет врати. Новиот спортски модел е претставен на саемот за автомобили во Њујорк, а Audi во таа прилика најави дека автомобилот наскоро ќе биде достапен и на европскиот пазар, не прецизирајќи го точниот датум на почетокот на продажбата.