Светска премиера: Ford Focus за 2019 година

Ford објави фотографии и технички детали за новата генерација на моделот Focus. Произведувачот го претстави новиот Focus во луксузната верзија Vignale, како и со спортски ST-line пакет, а за прв пат овој автомобил ќе има и „крос“ варијанта со ознака Active. Почетокот на продажбата на европскиот пазар е закажан за есен, а според првичните информации, почетната цена во Велика Британија ќе биде 17.930 фунти или околу 20.500 евра, што е за 2.000 фунти поскапо од цената на актуелниот Focus во земјата.