Шпански грип: 100 години од болеста која ја разори планетата

Во 1918 година, шпанскиот грип убил повеќе од 50 милиони, а можеби и 100 милиони луѓе во рок од 15 месеци. Шпанскиот грип ги зафатил сите континенти (освен Антарктикот), а најтешко погодена земја била Индија, каде починале 17 милиони луѓе. Галеријата опфаќа фотографии кои ја прикажуваат борбата против еден од најсмртоносните вируси во човечката историја.