Маж решил да даде отказ од својата работа и да патува, а еве како изгледаат неговите тетратки

Хозе Нарања работел како воздухопловен инженер, но подоцна решил да даде отказ од својата работа и целосно да се посвети на патувањето и на уметноста. Нарања создава неверојатни ремек-дела од празните тетратки. Тие се исполнети со одлични рачно изработени илустрации и белешки. Неговите тетратки се вистински уметнички дела кој тој ги создава користејќи водени бои, пенкала, фотографски елементи, поштенски марки, текст и цртежи.