Елена Ионеску, фатална црнка од Романија

Елена Ионеску е романска поп пејачка и текстописец и е поранешна членка на романскиот поп бенд Мандинга. Елена ја стекна својата популарност во 2012 година кога ја претставуваше Романија на Евровизија во Азербејџан со песната "Zaleilah". Таа е дипломиран новинар, а посетувала и школа за клавир. Покрај музиката која е нејзината најголема љубов, Елена на седум години се занимавала со уметничка гимнастика, три години со карате, а едно време посетувала и часови по манекенство.