Фото патување низ Хрватска

Република Хрватска е независна држава од 1991 година, но регионот е населен уште во предисториско време. Повеќе од 4 милиони жители денес ја нарекуваат Хрватска свој дом, живеејќи во рурални села, крајбрежни туристички дестинации и модерни градови. Хрватска се смета за безбедна дестинација, а на европскиот туристички пазар е поевтина од Франција и Италија. Во продолжение, погледнете само дел од убавините на оваа земја.