Галерија: Изгоре еден од симболите на Париз и Франција

Париската катедрала Нотр Дам која синоќа ја зафати голем пожар, се смета за еден од најдобрите примери за врвот на француската готска архитектура. Според експертите, потребна била нова обнова на катедралата, која за жал не била спроведена пред да се случи големата катастрофа. Инаку, Нотр Дам, еден од симболите на Париз и цела Франција, само во текот на минатата година ја посетиле повеќе од 13 милиони луѓе.