Д Фестивал со најуспешно издание досега (фотографии)

Вчера утрото заврши деветтото одлично издание на Д ФЕСТИВАЛ, единствениот летен музички фестивал во земјава кој се одржува во Дојран. Во повеќе од три дена, започнувајќи од петокот, 12-ти јули, па сѐ до вчера, до осум часот наутро низ фестивалските порти на Д ФЕСТИВАЛ поминаа околу 30.000 посетители кои пристигнаа од 15 земји, остварувајќи го новиот рекорд на Фестивалот со најуспешното издание досега!