Низ фотографии: Денови на протест во Порторико

Веќе 10-ти ден илјадници демонстранти протестираат на улиците во Порторико, барајќи оставка од гувернерот Рикардо Росељо. Протестите беа предизвикани по објавувањето на стотици страници разговор помеѓу Росељо и неговите соработници во кои тој користи хомофобични, мизогинистички и навредливи зборови.