Галерија: Lotus Evora GT 2020

Додека светот сè уште се восхитува на првиот електричен хиперавтомобил на Lotus, британската компанија ја претстави замената за моделите Evora 400 и Evora Sport 410 со V6 агрегат. Evora GT под хаубата “крие” 3.5-литарски V6 агрегат на Toyota кој со помош на механички компресор генерира 416 коњски сили и 430 Nm.