Уметник изработува дрвени џинови кои потоа ги сокрива во шумата, а резултатот изгледа прекрасно и магично

Оваа шума во себе крие нешто посебно, а за тоа е заслужен белгискиот уметник Томас Дамбо. Тој изработува големи дрвени џинови, а потоа ги сокрива во природата. Вели дека целта му е да ги привлече луѓето да излезат надвор и на момент да се одвојат од сите екрани и бетонски блокови.