Златко Муцунски: Audi Q5 е нашата нова звезда која уште на прв поглед ќе ве плени со својот импресивен изглед

Точка

21/02/2017

13:38

9.132

Големина на фонт

а а а

Максимално прилагоден на потребите на љубителите на Ауди, нашиот нов знаменосец во премиум сегментот ја следи традицијата и нуди многу простор, удобност и безбедност а ќе ве изненади и со изобилството на hi-tech опрема.

Порше Македонија како дистрибутер на неколку најреномирани автомобилски брендови сите овие години успешно се носеше со сите предизвици со кои се соочи. Кој е рецептот за ваквиот успех?



Од самото основање на компанијата, наша цел беше постигнување на максимално задоволство на клиентите. Тоа е единствен начин за една компанија да го достигне врвот во својата сфера на делување. Задоволните клиенти се амбасадори на нашата компанија и благодарение на нив надалеку се слуша гласот за врвната технологија, напредниот дизајн и бескомпромисниот квалитет на нашите производи и услуги. Нашиот тим, свесен за корпоративната цел, максимално се посветува на нејзино исполнување. Униформираноста, единството на мислата и акцијата ги опфаќа и новите членови на нашиот тим кои со ист самопрегор и ентузијазам продолжуваат со нашата мисија. Во својата решеност да се понуди врвна услуга често излегуваме од својата комфорт зона и го нудиме и испорачуваме и неочекуваното. Со нашето мото - иновација наместо имитација секогаш истапуваме и се истакнуваме пред конкуренцијата, нашите цели секогаш се повисоки од претходните, нашите услуги секогаш се поквалитетни од тие што веќе сме ги испорачале. Сето тоа е на огромно задоволство на клиентите. Тие на тоа ни возвратија со нивната доверба и лојалност која е наш ветар во грб наспроти сите предизвици со кои се соочуваме.

Од неодамна ја имавте во вашиот салон промоцијата на новиот Ауди Ку 5. Кои се новитетите кои ќе ги понуди овој нов модел?



Audi Q5 е нашата нова звезда која уште на прв поглед ќе ве плени со својот импресивен изглед. Максимално прилагоден на потребите на љубителите на Ауди, нашиот нов знаменосец во премиум сегментот ја следи традицијата и нуди многу простор, удобност и безбедност а ќе ве изненади и со изобилството на hi-tech опрема. Одличен е и за долги релаксирани патувања, и за градскиот метеж...Зборовите не се доволни, затоа ќе ве поканам во нашиот Audi svet за сами да се уверите во неговата ексклузивност и да му дозволите да ве освои.

Како застапници на автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, Seat, Porsche и Volkswagen Комерцијални Возила со кој од нив можете да кажете дека сте најзадоволни од продажбата. Во кој бренд македонците најмногу имаат доверба?

Имајќи неколку брендови под нашата капа, имаме неограничени можности да излеземе во пресрет на различните барања на различните групи на клиенти. Бројките покажуваат дека продажбата оди одлично и за малите градски автомобили и за елегантните лимузини и за спортските и за товарните возила. Нема бренд кој ние го покриваме а кој ужива повеќе доверба од останатите, бидејќи ние подеднакво им се посветуваме на сите брендови, сите се одликуваат со неприкосновен квалитет и за сите имаме врвна постпродажна услуга.

Дозволата за увоз на евтини стари возила во Македонија се чини дека на почетокот направи разлика за дистрибутерите во автомобилската индустрија. Но, имајќи предвид дека сепак станува збор за стари возила на кои постојано им е потребен сервис па наместо исплатлива инвестиција ваквиот тренд низ текот на годините се покажа како и не толку корисен. Кое е вашето мислење на оваа тема?



Имајќи во предвид колку поправки мора да се извршат врз нив за тие да бидат во возна состојба, старите увезени возила наместо исплатлива инвестиција, направија огромна штета и по животната околина и по џебот на граѓаните, Нашите клиенти увидоа дека нема никава полезност од увезените амортизирани возила и бргу ја напуштија таа идеја. Ние како нивен партнер од доверба сме тука на сите клиенти да им понудиме ново возило и финансиски инструмент што ќе го направи тоа возило достапно за сечиј буџет. Дополнително, со опцијата старо за ново, нашите клиенти имаат можност на неколку години да ги менуваат своите возила и така секогаш да возат нов автомобил. Правиме најновите модели на возила за нив да бидат реалност, не само слики во авто списанија, и затоа успеавме увезените возила да ги оставиме во заден план.

Каков е сензибилитетот на македонскиот купувач на ново возило. Кои се вредностите кон кои тој се приклонува?



Живееме во време на напредна технологија кога сите информации се достапни кај нас истовремено кога ја имаат светската премиера, така {to нашите купувачи не се разликуваат од другите купувачи и во исто време ја бараат најновата технологија и современ дизајн. Исто така безбедноста на возилото како и бројните уреди за асистенција на возачот се едни од параметрите кои привлекуваат најмногу внимание кај клиентите.

Автомобилскиот асортиман кој го нудите многу често е признаван со светски награди.Што тие значат за вас?



Тие се показател дека сме на вистинскиот пат, дека нашите заложби за врвна услуга се исполнети, дека нашите автомобили поставуваат нови стандарди во автомобилската индустрија со својата прецизна изработка, висок квалитет, внимание на деталите, најнова технологија, одличен перформанс и дизајн. Наградите за нас не се само украс на нашите витрини, тие се наш потсетник за добрата работа што ја правиме и поттик за бидеме уште подобри.

Лично вам кој бренд ви е омилен? Дали давате предност на безбедноста или перформансите на возилото? И колку сметате дека изборот на автомобилот е одрaз на карактерот и успешноста на еден човек?

Не би фаворизирал еден бренд. Бидејќи сакам да патувам со автомобил и ретко сум сам на тие патувања, потребен ми е просторен автомобил па ги претпочитам СУВ возилата од нашите брендови. Инаку кај сите наши брендови и безбедноста и перформансите на возилото се на високо ниво, во ниту еден случај нема компромис за едното на сметка на другото. Исто така, нашите автомобили може комплетно да се персонализираат со изборот на бренд, модел и понатаму до најмал детал на опрема и апсолутно да одговараат на духот и карактерот на возачот, па би рекол да, автомобилот во голема мера е одраз за карактерот на таа личност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг