Вал (Леорон): "И' помогнавме на една мала заедница во Гана, Африка да добие пристап до чиста вода"

Точка

18/05/2017

13:01

17.138

Големина на фонт

а а а

Леорон е една од водечките компании во Блискиот Исток, Африка и Централна Азија во доменот на развој, човечки ресурси и организација на корпоративни обуки, која има отворени врати за млади луѓе од Македонија, најчесто во Секторот за продажба и развој на бизнис, а ретко кој од нас знае за ова, па Точка одлучи да поразговара со нејзините директори и основач.


Интервјуирани: 

- Александар Сотировски, Директор на Learning and Development
- Вал Јусуфи, Managing Director  
- Горан Гакидев, Директор на Продажба и Развој на Бизнис



1. Што претставува Leoron и кој стои зад неговото создавање? 

Александар: Леорон е една од водечките компании во Блискиот Исток, Африка и Централна Азија во доменот на развој, човечки ресурси и организација на корпоративни обуки. Нашата централна канцеларија е во Дубаи со локално присуство во Ријад, Бахреин, Алмати, Акра, и Шведска, од каде всушност и потекнуваме. Leoron e идеја на Арбен и Валјета Јусуфи, коишто пред 7 години оваа идеја ја претворија во успешна приказна. Леорон започна со работа како евент менаџмент компанија и со тек на времето прераснавме во институт за професионални обуки. Фокусот на нашето работење е Блискиот Исток, од каде што се најголемиот број на наши клиенти. Имаме и мал тим одговорен за Африка, Европа, Централна Азија и Малезија.


2. Кажете накратко за вашата филијала во Македонија?

Вал: Една од нашите поголеми канцеларии, со повеке од 100-тина вработени се наоѓа токму во Скопје, каде што се централизирани дејствата на маркетинг и продажба. Тука најчесто регрутираме вработени во Одделот за Продажба, како движечка сила кон остварување на нашите корпоративни цели. Нашиот тим се состои од млади професионалци со вроден талент за претприемаштво и продажба, силни комуникативни вештини и волја за постојано учење и професионална надградба.


3. Дали нудите можноси за вработување на млади луѓе во Македонија?

Горан: Леорон има отворени врати за млади луѓе од Македонија, најчесто во Секторот за продажба и развој на бизнис, кои главно преку развивање на продажните канали придонесуваат за понатамошно ширење на нашите пазари. Доколку не следите на социјалните мрежи може да ги забележите нашите јавни повици за аплицирање. Всушност, токму во моментов имаме отворен оглас и вработуваме млади професионалци со претприемачки дух и силна мотивација за успех и напредок во кариерата, комуникативни, со одлично познавање на англискиот јазик.


4. Што им нуди Leoron на своите клиенти?

Александар: Квалитет, знаење и одлична услуга ?. За разлика од нашиот регион (Балканот), во развиените земји компаниите инвестираат многу во професионално доградувањето на нивните вработени. Надоградувањето на знаењето не запира со завршувањето на високото образование и вработувањето, туку напротив. Можеби ќе се согласите сите дека дел од работите кои сме ги научиле за време на студирањето се веќе застарени, а светот постојано се менува. Од таму доаѓа потребата постојано да се надоградува знаењето, согласно најновите откритија и трендови. Работниците кои што имаат знаење и вештини значат поголема продуктивност и заштеда за нивните компании. Сме имале и ситуации каде што неколку-дневна обука на одредена група на вработени довело до заштеда на милиони долари за неколку месеци на нивната компанијата.


Јадрото на нашето работење е организирање на професионални обуки (сертифицирани и несертифицирани) за скоро сите индустрии и сите сектори во компаниите (Човечки Ресурси, Менаџмент, Проект Менаџмент, Финасии и Инвестиции, Контрола на Квалитет, Инженеринг, Набавка и Снабдување...). Партнери ни се најпознатите институти, академии и универзитети во светот, како што се: PMI, ASQ, HRCI, ILM, APICS итн. Професионалните обуки ни се поделени на јавни сесии, каде што секој може да присуствува, внатрешни обуки за вработените на одредена компанија и E-Learning (онлајн) обуки. Од неодамна почнавме да нудиме и консултантски услуги во областа на Човечки Ресурси, Финансии, Набавки и Снабдување...


5. Имаме впечаток дека вашите клинети се најразновидна мешавина на луѓе, од сопственици на свои компании, до нивните вработени, споделете некое искуство со невообичаен тип на клинет кој ви оставил впечаток.

Александар: Навистина тешко ми е да издвојам затоа што имало премногу “невообичаени” клиенти ?. Еве би издвоил дека имавме чест како делегат на еден од нашите обуки да имаме милијардер и еден од најбогатите луѓе во арапскиот свет, имаме супер соработка со Сауди Арамко (за тие што никогаш не слушнале за оваа компанија всушност се работи за највредната компанија во светот, колку за споредба Apple е проценета на околу 600 милијарди долари а Сауди Арамко според некои проценки има 3 пати поголема вредност), SABIC којашто е најголемата компанија на Блискиот Исток којашто котира на берза, многу министерства, банки...


6. Инструкторите се...

Александар: Нашите инструктори се меѓу водечките експерти во светот во соодветните области и ни доаѓаат од сите страни на светот – САД, Канада, Англија, Европа, Австралија, Блискиот Исток...


7. Кажете ни нешто повеќе околу организацијата и содржината на курсевите кои најдобро ви се продаваат?

Горан: Леорон успешно работи со водечки глобални академии и престижни предавачи, обавувајќи повеќе од 500 програми годишно преку кои се сертифицираат повеќе од 10,000 професионалци од разни области. Преку нашите обуки, луѓето може да станат покомпетенти на пазарот на трудот. Ние нудиме повеќе од 120 сертифицирани програми. 


Секоја година диктира нова побарувачка затоа не можам да издвојам една програмa која што е најпосетувана или најпопуларна кај клиентите. Како најпопуларни би ги спомнал: ICALS International Certificate in Advanced Leadership Skills, CHRM Certified HR Manager, CFM Certified Financial Modeling, CMRP Best Practices in Maintenance and Reliability и CMQ Certified Manager of Quality.


8. Дали има побарувачка за вашите тренинзи/курсеви од нашата земја, регионот?

Горан: Со исклучок на поединци кои учествувале на некои програми во Дубаи, генерално Македонија, па и балканот, не сме имале голема можност за пласирање на нашата понуда, бидејќи организациите не можат да си дозволат толкава инвестиција за професионалниот развој и сертифицирање на своите вработени. Во Европа најзастапени сме во Скандинавските земји каде што го промовиравме нашето портфолио со технички програми.


9. Разбравме дека сте Општествено одговорна компанија. Кажете ни нешто повеќе за вашите хуманитарни активности?

Вал: Леорон се развива и расте преку придонесување во развојот на заедниците каде дејствуваме. Затоа, иако не ги нудиме нашите услуги во Македонија и во регионот, тука ги фокусираме нашите најзначајни хуманитарни проекти. Како неодамнешни би ги издвоила: соработката со СОС Детското Село во Скопје, Домот за доенчиња и мали деца во Битола, поддршка на детскиот фестивал Yulberi и на Првенство во Парагјалдинг - Mavrovo Air. Како позначајни хуманитарни проекти кои ги имаме реализирано надвор од Македонија ни се континуираната финансиска помош која ја даваме за бегалците од Сирија, од 2014-та година. Потоа, здруживме сили со Hucasdevi Ghana (Human Capital and Social Development International), и помогнавме на една мала заедница во Гана, Африка да добие пристап до чиста вода. Направивме краток видео запис да се сеќаваме на овој огромен успех, кој може да го погледнете на нашата веб страна. http://www.leoron.com/news/25/Empowering

Пинг понг турнир, организиран во нашата сала за вежбање


По повод 8-ми Март


Учество на Wizz Air Маратонот



Спонзорирани линкови

Маркетинг